Во прв ред екологија, зад кулисите спорот со името

Атина, 24 ноември (МИА) - - Во прв ред екологија, зад кулисите спорот со името, пишува денеска грчкиот весник „Елефтеротипија“, осврнувајќи за на претстојната трилатерална средба меѓу премиерите на Грција, Македонија и Албанија, Јоргос Папандреу, Никола Груевски и Сали Бериша.

Грчките весници информираат денеска дека Папандреу ги поканил Груевски и Бериша на неформална средба в петок во Преспа, на територијата на Грција.

Папандреу изјави дека целта на средбата е да се разгледаат можностите за соработка во насока на заштита и развој на природниот резерват во околината на Преспанското езеро, пишува весникот „Катимерини“.

Во официјалното владино соопштение се нагласува дека иницијативата на грчкиот премиер е показател за значењето, кое новата грчка Влада му го дава на прашањето за заштита на животната средина.

Грчкиот печат напоменува дека тристраната средба неслучајно се одржува неколку дена пред самитот за климатски промени во Копенхаген и два месеци пред десетгодишнината од Зедничката декларација на Грција, Албанија и Македонија, со која трите држави се заложија за заштита на екосистемот во регионот на Преспа.

Весниците напомнуваат дека сепак еколошкиот карактер на средбата е само повод за неформалните разговори во врска со долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје околу уставното име на Македонија.

- Суштинско прашање ќе биде билатералната средба Папандреу - Груевски, која ќе следи по тристраните разговори за животната средина, а на која двајцата премиери ќе разговараа за „прашања од заеднички интерес“, пишува весникот „Апогевматини“, цитирајќи ја изјавата на портпаролот на грчката Влада, Јоргос Петалотис.

- Тоа е знак дека Атина продолжува со напорите да игра со отворени карти во односите со Скопје, со што ќе се овозможи да биде пронајдено решение за спорот со името, нагласува весникот „Вима“’.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...