Иво Јосиповиќ избран за нов претседател на Хрватска

Загреб, 11 јануари (МИА) - Кандидатот на социјалдемократската опозиција Иво Јосиповиќ е избран за претседател на Хрватска, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Бранко Хрватин.

Јосиповиќ добил 60,29 отсто од гласовите (1,339 милиони гласови), при преброени 99,62 гласачки ливчиња. Неговиот противник Милан Бандиќ добил 39,71 отсто гласови (881 илјада гласови). 

Излезноста во вториот круг од изборите била 50,28 отсто, или шест отсто повеќе во споредба со првиот круг одржан пред две недели. Право на глас имаа 4,4 милиони луѓе. 

Јосиповиќ (52) е третиот претседател (на петти по ред избори) на Хрватска откако државата стекна независност во 1991 година. Тој е доктор на правни науки, професор по меѓународно кривично право на Универзитетот во Загреб и композитор. Пратеник е од 2003 година.

Јосиповиќ доби и најмногу гласови на првиот круг од изборите - 32,4 отсто. 

Главните поенти од неговата изборна кампања беа правна и социјална држава, почитување на човековите права и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Надворешнополитичките приоритети на новиот претседател и неговата Социјалдемократска партија се зацврстување на позициите на државата во НАТО и што поскоро влегување на државата во ЕУ. 

Претседателот на таа партија Зоран Милановиќ ги оквалификува резултатите од изборите како победа за личноста Иво Јосиповиќ и за самата партија. Тој ја повика премиерката Јадранка Косор да влезе во дијалог за сите прашања од политички и социјално-економски дневен ред со новиот претседател. 

Јосиповиќ вети дека ќе ги поддржи напорите на Косор за реформи и борба против корупцијата за да бидат завршени оваа година преговорите за членство во ЕУ. 

Противникот на изборите, Бандиќ се пожали дека се соочил со „повеќе омраза и нетолерантност од кој и да е друг во таа држава во изминатите 20 години“. Поранешниот социјалдемократ кој беше исклучен од партијата, е градоначалник на Загреб веќе четврти пат по ред. 

Премиерот Јадранка Косор изрази увереност дека новиот претседател ќе ги поддржи напорите на Владата. 

Според аналитичари, најголемиот предизвик на Владта во моментот е да се „закрпи“ буџетот бидејќи прогнозите на Кабинетот за скромен економски раст оваа година се премногу оптимистички. 

Јосиповиќ во крајот на февруари ќе го наследи Стипе Месиќ кој во два мандата беше претседател на државата. Два мандата за претседател освои и првиот претседател на независна Хрватска Фрањо Туѓман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...