Соработката меѓу Загреб и Белград е гаранција за безбедноста

Белград, 14 јануари (МИА) - Во интервју за белградскиот весник „Данас“ новоизбраниот претседател на Хрватска Иво Јосиповиќ посочува дека соработката меѓу Белград и Загреб треба да биде подобра, бидејќи е гаранција за безбедноста и напредокот во регионот.

Хрватска поднесе тужба за геноцид против Србија во времето кога тогашна СР Југославија недоволно соработуваше во утврдувањето на судбината на исчезнатите, кога не сакаше да го врати културното наследство, што беше изнесено од Хрватска во Србија, а не соработуваше и во казнувањето на воените злосторства, изјави за „Данас“ новиот хрватски претседател.

Од тогаш до денеска е постигнат сериозен напредок и, иако судбината на 1.300 лица е се уште непозната, соработката во потрагата по нив е добра. Дел од културното наследство е вратено, а Србија ги суди воените криминалци и соработува со Хаг, изјави Јосиповиќ.

Тој, меѓутоа, подвлече дека проблемот, што остана нерешен е предавањето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ на Хаг, изјаснувањето на судбината на сите исчезнати и решително враќање на однесените културни вредности.

Според Јосиповиќ, 1 јануари 2012 година е реалниот датум за присоединувањето на неговата земја кон ЕУ. Реално е да се очекува дека Хрватска наскоро ќе го реализира останатиот дел од неопходните реформи и ќе ги спроведе неопходните преговори за да биде примена во Европската унија во текот на јануари 2012 година, истакна Јосиповиќ за „Данас“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...