Пахор заминал за Белград на разговори со Тадиќ

Љубљана, 18 март (МИА) - Словенечкиот премиер Борут Пахор синоќа ненадејно заминал за Белград со цел да не доживее непријатно изненадување на регионалната конференција, која ќе се одржи в сабота во Брдо кај Крањ, пишува денеска словенечкиот весник „Дело“.

Според неофицијална информација на весникот, словенечкиот премиер заминал за Белград за да разговара со српскиот претседател Борис Тадиќ, а повод за средбата е регионалната конференција, која ја организираат Хрватска и Словенија.

Пахор, пишува весникот, одлучил ненадејно да го посети Белград по средбата со бизнисмените во Копер, каде изјавил дека „се случило нешто поради кое итно мора да замине во странство“.

Словенечките медиуми по тоа дознале дека тој заминал за Белград, што било потврдено и од неговиот кабинет. Соработниците на Пахор сепак не дале информации за тоа дали во меѓувреме е постигнат некаков договор со Тадиќ, за неговото учество на конференцијата.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин во интервју за Б92 изјави дека за време на престојот на Тадиќ во Птуј бил постигнат договор за учество на државите на конференцијата за Западен Балкан без обележја, т.е. знамиња и титули, но оти шефот на српската држава по враќањето во Србија зазел поинаков став.

На два дена пред почетокот на конференцијата се уште не се знае дали српскиот претседател сепак ќе замине на овој собир и покрај намерите на организаторите, Словенија и Хрватска, земјите учеснички да се појават без обележја, вклучувајќи го и Косово. Кабинетот на Тадиќ пред речиси две недели демантираше дека претседателот се согласил на такво сценарио.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...