Самит за европската иднина на Западен Балкан во Брдо кај Крањ

Брдо кај Крањ, 20 март (МИА) - Брдо кај Крањ денеска ќе биде домаќин на регионалната конференција насловена „Заедно кон Европската унија: Придонесот на Западниот Балкан кон европската иднина“, иницирана од премиерите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Јадранка Косор.

На конференцијата на која е најавено учеството на шефови на држави или влади од земјите од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати, ќе учествува и Македонија. Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Никола Груевски, а ќе го придружуваат вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.

Српскиот претседател Борис Тадиќ и претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј вчера го откажаа учеството на овој неформален форум, што се оценува како своевиден дебакл на првиот европско-балкански самит. Тадиќ одби да учествува на самит на кој Косово ќе биде присутно како суверена држава. Неговото отсуство се смета за причина за откажувањето на учеството на Ван Ромпуј.

Словенечкиот претседател Данило Тирк изјави дека овој самит треба да го означи стартот на времето кога земјите од регионот ќе почнат да разговараат директно за проблемите и да демонстрираат повисоко ниво на политичка зрелост. Се надева дека ваквите форуми ќе станат пракса во регионот, бидејќи за резултатите е потребен континуитет.

Македонија претстојната конференција за Западен Балкан во Брдо кај Крањ, ќе се обиде да ја искористи за дополнителна промоција на својата цврста политичка волја за натамошна европска интеграција на државата, изјави деновиве вицепремиерот Нумовски.

Тој подвлече дека очекува Македонија заеднички со другите држави во регионот да ја потсетат ЕУ дека уште во 2003 со Солунската агенда се обиде да го насочи својот фокус кон државите од Западен Балкан.

- Се надеваме дека сите држави членки на ЕУ коишто ја имаат промовирано Агендата 2014 ќе настапат на овој форум и на слични други форуми со целосна искреност и посветеност со цел заеднички да ги доближиме сите држави од Западен Балкан до ЕУ во 2014 година, рече Наумовски.

Од самитот треба да произлезе заедничка декларација за европската иднина на регионот. Во почетокот на јуни во Сараево треба да се одржи конференција за Западен Балкан по иницијатива на шпанското претседателство со ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...