Во Хрватска уапсен осомничен за атентатот врз Ѓинѓиќ

Загреб, 9 јуни 2010 (МИА) - Хрватската полиција синоќа во реонот на Загреб го уапси припадникот на „Земунскиот клан“, Сретко Калиниќ, кој е еден од обвинетите за атентатот врз поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Портпаролот на хрватската полиција Крунослав Боровец, Калиниќ бил пронајден со истрели од огнено оружје во близина на езерото кај Ракитја, додавајќи дека тој најверојатно бил повреден во „пресметка меѓу припадници на српското подземје“.

Според Боровец, ранетиот Калиниќ му пришол на еден случаен минувач, побарал од него помош, по што паднал во несвест. Минувачот веднаш ја информирал полицијата, по што Калиниќ бил пренесен во болница во Загреб, каде му е укажана лекарска помош и е вон животна опасност.

Хрватските медиуми објавуваат дека Калиниќ најверојатно бил застрелан од неговиот долгогодишен соработник Милош Симовиќ, кога Судот во Белград во отсуство го осуди на 40 години затвор поради учество во убиството на Ѓинѓиќ.

Калиниќ и Сомовиќ од атентатот врз Ѓинѓиќ во 2003 година се наоѓаат во бегство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...