Членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе придонесе за мирот

Њујорк, 21 јуни 2010 (МИА) - Иницијативата на грчката Влада 2014 година да се одреди како рок за членство на земјите од Западниот Балкан во Европската унија ќе ја унапреди не само економијата туку и мирот во регионот, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Њујорк, каде присуствува на дводневниот состанок на Советот на  Социјалистичката интернационала (СИ).

Папандреу изрази надеж дека паралелно со европските интеграции во регионот ќе се одвива процесот кој ќе придонесе за решавање на главниот проблем кој се однесува на Косово и на спорот со Македонија.

Тој истакна дека кога станува збор за долгогодишниот спор со Македонија, познат е ставот на Грција - да се договори име со географска одредница.

Папандреу наведе дека Грција презеде иницијатива „за да придонесе за подобра клима“, додавајќи оти се надева дека преговорите со посредство на Обединетите нации ќе имаат позитивен исход.

Грчкиот премиер се осврна и на односите Грција - Турција, истакнувајќи дека двете држави неодамна потпишаа 22 нови договори. Тој најави дека ќе се сретне со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Истанбул и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Папандреу осврнувајќи се на Кипар наведе дека Грција го поддржува кипарскиот претседател Димитрис Христофиас, кој вложува големи напори во преговорите, „но оти е потребен константен притисок врз турската страна со цел да се дојде до решение во рамките на резолуцијата на ОН и на европските закони“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...