Косово побара нова резолуција на ОН за неговиот статус

Приштина, 3 август 2010 (МИА) - Косово побара од ОН нова резолуција за прашањето на неговиот статус, што ќе му овозможи да се присоедини кон меѓународната организација, соопшти косовското Министерство за надворешни работи, пренесоа агенциите.

Крајната цел на Косово е да стане членка на ОН, рече косовскиот шеф на дипломатијата Скендер Хисени на средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун во Њујорк.

Хисени побара резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, со која во 1999 година во областа беше воведена привремена администрација на ОН, да се замени со друга.

Неопходноста од нова резолуција за статусот се наметнува уште од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година и неодамнешната одлука на Меѓународниот суд во Хаг, што ја потврди усогласеноста на овој чекор со меѓународното право, посочи министерот.

До моментов независноста на Косово ја признаа 69 земји, вклучувајќи и 22 од 27-те земји членки на ЕУ и САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...