ОН го охрабруваат дијалогот меѓу Белград и Приштина

Њујорк, 4 август 2010 (МИА) - Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Косово, Ламберто Занијер синоќа ги повика Белград и Приштина да почнат дијалог и апелираше за соработка и разбирање на двете страни со цел да се овозможи стабилноста на Косово.

- Идните разговори меѓу Белград и Приштина би биле мошне важни за натамошниот развој на ситуацијата на Косово, рече Занијер, поднесувајќи го извештајот за Косово пред Советот за безбедност на ОН.

Занијер наведе дека иако напредокот на Косово е мошне бавен и додаде дека мандатот на УНМИК и на ЕУЛЕКС останува ист и по советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата.

Тој во извештајот укажа на секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на Косово и истакна дека мандатот на УНМИК ќе биде посветен на поддржувањето на дијалогот меѓу двете страни, со цел да се намалат тензиите и да се воспостават мир и стабилност.

Занијер напомена дека обезбедувањето учество на косовските власти на меѓународни собири е од клучно значење за стопанското закрепнување на регионот и за реализација на регионалните иницијативи.

Извештајот на Занијер ја покрива ситуацијата на Косово од 16 март до 10 јули оваа година.

Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека по одлуката на Меѓународниот суд на правдата дошло времето резолуцијата 1244 да се замени со нова.

Тој нагласи дека целта на Косово е што е можно поскоро да стане членка на ОН и додаде оти тоа е природен процес по одлуката на Судот.

- Го поздравуваме мислењето на Судот, кој покажа дека Косово е посебен случај, sui generis. Иднината на Косово и на Србија е во ЕУ и НАТО и поради тоа мораме да имаме добри соседски односи, рече Хисени.

Тој упати критика до властите во Белград поради, како што рече, „помагање на криминалната српска паравласт на Косово“.

- Меѓународната заедница не признава паралелни институции и ги осудуваме акциите на српските криминални паравласти. Владата на Србија ги злоупотребува и збунува Србите со повиците да не соработуваат со косовските институции, а не нуди ниту едно решение за проблемот на српската заедница на Косово, рече Хисени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...