Дали независноста на Косово е позитивен фактор за стабилноста на Балканот

Брисел, 6 август 2010 (МИА) - Се повеќе се намалува уверувањето дека независноста на Косово претставува позитивен фактор за стабилноста на Балканот, е главен заклучок од истражувањето на јавното мислење на Косово и во неколку балкански држави.

Резултатите од истражувањето на Галуп - Европа и Европскиот балкански фонд, насловено како „Галуп балкански монитор“, покажуваат дека во 2008 година 93 проценти од косовските Албанци сметале дека независноста на Косово долгорочно позитивно ќе се одрази врз состојбата на Балканот, но минатата година поддршката се намалила на 75 отсто.

Во однос на косовските Срби, пак, процентот на оние кои сметале дека независноста на Косово нема позитивно да влијае се зголемил од 74 отсто во 2008 на 80 проценти минатата година.

Истражувањето покажува дека Хрватите најмногу веруваат дека независноста на Косово претставува позитивен фактор за стабилноста на Балканот, односно 90 проценти го имаат ова мислење.

Во Албанија 77 проценти сметаат дека косовската независност позитивно ќе влијае врз случувањата на Балканот.

Во Црна Гора пак ниту еден испитаник не изразил увереност дека независноста на Косово позитивно ќе влијае, а 75 проценти очекуваат проблеми.

Во Македонија само девет проценти од испитаниците очекуваат дека косовската независност е позитивен фактор за стабилноста на Балканот, 17 отсто сметаат дека е негативен, а 55 отсто немале мислење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...