Геј парадата во Србија се смета како тест за демократијата во земјата

Белград, 7 октомври 2010 (МИА) - Меѓународните организации за заштита на човековите права предупредуваат дека геј парадата, која викендов треба да се одржи во Белград е сериозен тест за демократијата во Србија, откако противниците на оваа манифестација минатата година го спречија нејзиното одржување.

Официјални претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на Амнести интернешнл ја повикаа Владата на Србија да ги гарантира безбедноста и правата на хомосексуалците за време на парадата, но и по неа.

Ултрадесничарски екстремисти им се заканија со насилство на геј активистите. Според нив парадата е во спротивност со традиционалните вредности на Србија.

Организаторите на настанот изјавија дека парадата ќе претставува политички протест и апел да се стави крај на насилството врз малцинските групи во Србија.

Шефот на делегацијата на Европската комисија во Србија Венсан Дежер во меѓувреме изјави дека е подготвен да се изложи на ризик и да присуствува на геј парадата со цел, како што рече, да ги поддржи вредностите на Европската унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...