Ниту една држава не направи толку напори колку Србија

Белград, 12 октомври 2010 (МИА) -  Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска во Белград дека го цени напредокот на Србија во изминатите 10 години и изрази убедување дека Србија може да биде членка на Европската унија и лидер во регионот.

- Убедена сум дека Србија може да стане членка на ЕУ и лидер во регионот и затоа САД се посветени на работа со Србија за иднината на државата и целиот регион, изјави таа на прес конференција со претседателот на Србија Борис Тадиќ.

Таа му заблагодари на Тадиќ за визиите и лидерството.

- Истакнав дека заеднички интерес ни е мирот и стабилноста во регионот, државите од регионот што е можно побргу да влезат во ЕУ...Ниту една не го заслужи тој влез, не направи дополнителен напор....господине претседател, Вие тоа го направивте, изјави таа.

- Додека Србија се движи по тој пат таа ќе ни биде доверлив партнер, нагласи Клинтон.

Таа истакна дека САД ги ценат и напорите на Србија за апсење на хашките бегалци.

- Србија вложува големи напори да ги уапси преостанатите лица што ги бара Хашкиот трибунал. Тој напор мора да се цени, изјави Клинтон.

Според неа, постојат прашања за кои Србија и САД не се сложуваат како што е за Косово, но дека резолуцијата на ГС на ОН е основа за покренување дијалог кој може да придонесе за народите на Косово и Србија.

- Тој дијалог може и треба да придонесе за народите на Косово и Србија бидејќи ќе се занимава со секојдневните животни прашања, но и со долгорочните односи, додаде Клинтон.

Таа рече дека и е чест што е во Србија десет години откако народот одлучи да ја измени својата иднина.

- Таа победа е темел за долги борби за српската демократија, нагласи Клинтон. Верувам во потенцијалите на Србија и уверени сме дека Србија може да стане не само полноправен член на ЕУ, туку и лидер и пример во Европската унија и подготвени сме во тоа да помогнеме, наведе таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...