Хилари на Балканот без револуционерни пораки

Лондон, 15 октомври 2010 (МИА) - Американскиот државен секретар Хилари Клинтон за време на својата трнеја низ Балканот не донесе и не понуди никакви револуционерни пораки, пишува лондонски „Економист“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, неделникот забележува дека Клинтон им порача на Белград и на Приштина да седнат и да почнат да преговараат, а го критикуваше лидерот на Србите во Босна и Херцеговина Милорад Додик затоа што се занимава со отцепување и распад на оваа држава.

Бака изведената посета на Клинтон наидува на критики во некои политички кругови, кои се прашуваат зашто таа воопшто доаѓаше на Балканот, наведува „Економист“.

Весникот тврди дека целта на посетата на Клинтон на Балканот не била носењето револуционерни пораки, туку потребата на меѓународната заедница и натаму да ги турка Србите, Албанците и Босанците да ги решат своите проблеми.

Неименуван дипломат за неделникот изјавил дека и натаму е неопходно да се врши притисок врз балканските политички лидери за да се договараат со цел Балканот по некоја година одново да не се најде во вителот на нова војна.

САД и Европската унија работат и на создавање нова стратегија за Босна и Херцеговина, со која би се спровеле реформите што се неопходни за натамошното приближување на државата до НАТО и ЕУ, открива „Економист“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...