Издадена меѓународна потерница по Иво Санадер

Загреб, 10 декември 2010 (МИА) - Хрватските власти издадоа меѓународна потерница по поранешниот премиер Иво Санадер, кој ја напушти земјата непосредно пред хрватскиот Сабор да гласа за одземање на неговиот пратенички имунитет, пренесоа американските медиуми.

Портпаролот на полицијата Крунослав Боровец соопшти дека потерницата била издадена во текот на ноќта меѓу четврток и петок и испратена е на Интерпол.

Санадер вчера наутро без никакви проблеми ја напушти Хрватска, затоа што во тоа време уште немаше наредба за негово апсење.

Според хрватските закони еден пратеник може да биде задржан или суден, само ако биде лишен од имунитет.

Парламентот му го одзема имунитетот на Санадер вчера попладне, но за тоа време тој веќе ја имаше напуштено земјата.

Санадер е обвинет за злоупотреба на службената положба за времето кога беше премиер - од 2004 до 2009 година.

Не е познато каде Санадер се наоѓа во моментов.

Хрватската полиција во моментов врши претрес во семејната куќа на Санадер во Загреб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...