Гадафи ќе емигрира во Грција

Атина, 4 април 2011 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас денеска ги демантираше неофицијалните тврдења кои се појавија во јавноста дека либискиот лидер Моамер Гадафи би можел да емигрира во Грција.

- Не станува збор за тоа дека Моамер Гадафи ќе емигрира во Грција, изјави шефот на грчката дипломатија Друцас за една локална радио станица во Атина по повод шпекулациите во јавноста дека либискиот лидер ќе добие азил во Грција.

Овие неосновани тврдења се појавија синоќа, кога премиерот Јоргос Папандреу го прими на разговор либискиот министер за надворешни работи Абдулатиј ал Обеида. До средбата во Атина дојде по телефонски разговор меѓу либискиот премиер Али ал Махмуди со Папандреу.

Либискиот претставник Ал Обеида денеска по посетата на Грција ќе отпатува во Анкара, по што ќе замине за Малта.

Според грчкиот министер за надворешни работи Друцас, Атина е во „постојан контакт“ со режимот во Триполи како и со либиските бунтовници.

Грција има традиционално добри односи со арапските земји, како и со Либија и од самиот почеток се залага да се отворат и „дипломатски канали“ за решавање на сегашната криза во оваа земја во Северна Африка.

Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за решавање на кризата во Либија ја прифати и Грција, но Атина иако е членка на НАТО не учествува директно во воените операции. Таа на своите сојузници обезбедува логистичка поддршка, како и користење на нејзините бази на Крит за контрола на зоната на забранети летови и спроведување на ембарго за увоз на оружје во Либија.

Според голем број проценки Гадафи би требало да ја напушти Либија, што ќе ја отвори вратата за решавање на кризата во земјата која започна кон средината на февруари. Тоа беше истакнато и на минатонеделната меѓународна конференција во Лондон, на која беше нагласено дека Гадафи мора да ја напушти Либија, но ниту една држава се уште јавно му нема понудено азил.

Сепак, Гадафи не покажува подготвеност да ја напушти Либија, иако во еден момент се појавија шпекулации дека пребегнал во Венецуела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...