Денеска треба да продолжи сослушувањето на Младиќ

Белград, 27 мај 2011 (МИА) - Пред Специјалниот суд за воени злосторства во Белград денеска треба да продолжи сослушувањето на поранешниот командант на босанските Срби Ратко Младиќ, кој вчера беше уапсен во близина на Зрењанин.

Распитот беше прекинат синоќа поради „лошата психофизичка состојба“ на Младиќ.

Новинарите кои се наоѓаат во дворот на судот забележале еден адвокат како носи лекови, но не успеале да разберат дали тие се наменети за 69-годишниот генерал.

- Тој е многу блед, што покажува дека не излегувал многу надвор и тоа е една од причините за неговото успешно криење, изјави претседателот на Националниот совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Љајиќ.

Истражен судија во Специјалниот суд за воени злосторства ќе одлучи по распитот дали се исполнети условите за екстрадирање на Ратко Младиќ на Хашкиот трибунал.

Законската процедура предвидува врз Младиќ да биде извршен медицински преглед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...