Ратко Младиќ бил градежен работник

Белград, 27 мај  2011 (МИА)  - Апсењето на лидерот на босанските Срби Ратко Младиќ е централна тема во српските печатени медиуми.

Белградскиот весник „Блиц“ пишува дека српската Безбедносна информативна агенција (БИА) акцијата за апсење на Младиќ ја извела на сличен начин како американските командоси при елимирањето на Осама бин Ладен.

Весникот цитира неименувам претставник на српското разузнавање запознаен со деталите од апсењето, кој изјавил дека целата операција поминала без жртви.

- Уапсениот веднаш изјави јас сум Ратко Младиќ и не даде отпор при неговото апсење истакна неименуваниот извор.

20-годишен студент Р.Р. од Зрењанин изјави дека генерал Младиќ работел како обичен физички работник, градежник.

- Работевме заедно и се уште сум во шок. Не можам да поверувам дека Милорад Комадиќ всушност е Ратко Младиќ изјави Р.Р.

Двајцата работеле на изградба на новата индустриска зона во Зрењанин финансиран од Европската унија.

Весникот „Политика“ на насловната страница објавува две слики од Младиќ едната од пред неколку години. а втората од вчерашното апсење.

Весникот наведува дека во дворот на Бранислав Младиќ, каде се криле Ратко, имало две куќи, а во едната бил сместен хашкиот бегалец, за која локалните жители биле убедени дека во неа никој не живее.

Соседот кој вчера утрово бил повикан од полицијата да биде сведок на апсењето на генералот изјавил дека видел две мувлосани соби, во кои изгледало дека подолго врме никој таму не живее. На масата имало многу храна, меѓу што и пица. Собата била неуредна.

Локалните жители посочуваат дека повеќе години во куќата не било запалено светло, завесите никогаш не биле кренати и никој не влегувал и излегувал од куќата. Вратата од дворот, што била направена во 1965 година, секогаш била заклучена.

„Политика“ повикувајќи се на очевидец пишува дека при апсењето Младиќ го извадил прстенот кој сакал да му биде на неговиот син и часовникот кој бил наменет за неговата сопруга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...