Младиќ се заканува со штрајк со глад

Белград, 6 јуни 2011 (МИА) - Поранешниот командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ се заканува дека ќе престане да јаде и прима лекарства доколку Меѓународниот трибунал во Хаг не исполни одредени негови услови, пишува белградскиот весник „Блиц“.

- Ја направив најголемата грешка во мојот живот што не се самоубив и сам не си ја решив судбината. Но, кога веќе сум тука сакам да ги исполните моите барања и веднаш да ми обезбедите соодветен третман, посети на моето семејство, на сопругата и мојот син, како и на адвокатите. Во спротивно ќе престанам да ги пијам лекарствата кои ги примам, како и да ја земам храна што ми ја носите, изјави Младиќ при пристигнувањето во Хаг.

Младиќ побара од Трибуналот да обезбеди финансирање на неговите адвокати, бидејќи немал доволно средства за тоа. Доколку судот не го обезбеди плаќањето на адвокатите, тој ќе остане без правна заштита и ќе мора да започне штрајк со глад.

Според „Блиц“ Младиќ не боледува од рак, како што изјави неговиот адвокат Милош Шалиќ. Неговата лоша здравствена состојба е последица од два мозочни удари, од кои првиот го преживеал во 1996 година. Според извори на весникот, во тоа време тој бил лекуван во Воената медицинска академија во Белград. Тогаш Младиќ сам ја примал препишаната терапија. Продолжил да ја прима истата терапија без консултации и 12 години подоцна во 2008 година, кога добил втор мозочен удар и не престанал да се лекува сам се до неговото апсење.

Ратко Младиќ вчера беше вратен од затворската болница, каде беше примен на 2 јуни, во својата ќелија, соопшти адвокатот Шалиќ. Според адвокатот здравствената состојба на Младиќ е без промени.

Уапсените од Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија побараа од српското Министерство за здравство да испрати екипа лекари во Холандија, кои ќе ги прегледаат и српските власти ја разгледуваат оваа можност, изјави министерот за здравство на Србија Зоран Станковиќ. Тој истакна дека Младиќ со сигурност ќе биде еден од прегледаните.

Следната недела Младиќ во Хаг ќе биде посетен од семејството, изјави адвокатот Шалиќ. Тој истакна дека семејството на Младиќ и тој самиот се крајно незадоволни од службениот заштитник на Младиќ, адвокатот Александар Алексиќ, кој според нив отворено покажал дека работи во корист на Трибуналот, а не својот клиент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...