Србија си го одржа зборот, сега тоа треба да го стори ЕУ

Брисел, 7 јуни 2011 (МИА) - Српскиот претседател, Борис Тадиќ изјави денеска во Брисел дека Србија со апсењето на поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ докажала дека го одржа зборот и оти сега Европската унија треба да го докаже истото.

- Време е да бидеме искрени, апсењето на Ратко Младиќ беше морална обврска на Србија, но и услов за европска интеграција. Денес ЕУ можеме да ја погледнеме во очи и да кажеме дека сме го направиле тоа што требаше да го направиме. Може ли и ЕУ да го стори истото, истакна Тадиќ, говорејќи на конференцијата во Центарот за европска политика во седиштето на Унијата.

Тадиќ додаде дека Србија е подготвена да ги почне преговорите со ЕУ и оти Унијата би требало да ја искористи сегашната можност, која е поголема од кога било.

Тој нагласи дека Србија е подготвена и оти има капацитети да одигра клучна и конструктивна улога во решавањето на сите проблеми во регионот, вклучувајќи го и косовското прашање и оти одржливо решение може да биде само тоа што ќе биде прифатливо за сите.

- Србите и Албанците мораат да се помират. Тоа е можно. Ние сме подготвени да ги пробаме сите можности, рече Тадиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...