Косово ја дестабилизира ситуацијата во целиот свет

Белград, 15 септември 2011 (МИА) - Официјалното признавање на независноста на Косово ја дестабилизира ситуацијата во целиот свет, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ на првиот Белградски форум за безбедност.

На отворањето на форумот Тадиќ истакна дека, ако меѓународната заедница ја признае еднострано прогласената независност на Косово, тогаш во светот ќе се појават многу нови конфликти.

Тадиќ нагласи дека Косово може да стане позитивен преседан единствено доколку меѓународната заедница инсистира на дијалог и компромис меѓу Белград и Приштина.

- Многу сум загрижен од најавените за утре еднострани активности, бидејќи тоа сериозно го загрозува мирот и стабилноста на целиот регион. Тоа решение не е договорено меѓу Белград и Приштина и затоа треба да биде спречено, изјави Тадиќ во однос на најавената од Приштина намера да ја преземе контролата над граничните премини во северниот дел на Косово на 16 септември.

Српскиот претседател потсети дека меѓународната заедница се базира на правила, кои треба да важат исто за сите, без исклучок. - Овие принципи се кршат во случајот со Косово, изјави Тадиќ.

Според него, Србија ќе продолжи да работи во името на заедничкиот интерес, со цел регионот да може да биде во подобра состојба од таа во минатото, но за тоа ќе биде потребна поддршка и од меѓународната заедница.

На конференцијата се очекува да учествуваат и министрите за надворешни работи на Србија, Бугарија, Чешка и Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...