Светот се претвори во роб на Советот за безбедност

Анкара, 28 септември 2011 (МИА) - Светот е роб на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за списанието „Тајм“. 

- Ние сме како робови на постојаните членки, нагласи Ердоган за „Тајм“ за време на посетата на Њујорк на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Според Ердоган светот станал роб на петте постојни членки на Советот, поради што ОН мораат да се реформираат.

Турскиот премиер истакна дека СБ на прво место треба да даде позитивен одговор на барањата на палестинскиот народ, а другите прашања треба да ги разгледаат двете држави. Тој смета дека услов за решавање на ова прашање е враќање кон границите од 1967 година, кој Израел првично го прифати, а потоа го отфрли.

- Агресивноста на Израел не може да продолжи. Оние кои имаат негативен однос кон барањата на Палестина никогаш нема да успеат да го оправдаат тоа пред историјата, додаде Ердоган.

Турскиот премиер нагласи дека до денеска СБ усвоил над 89, а Генералното собрание на ОН над 200 решенија за санкции кон Израел. - Доколку тие санкции се применуваа, проблемот уште многу поодамна ќе беше решен, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...