Во Албанија и во Србија почнува пописот на населението

Во Албанија и во Србија денеска почнува пописот на населението и домаќинствата.

На терен во Албанија се ангажирани над 15 илјади попишувачи, кои ќе треба да прибираат податоци за населението, домаќинствата и земјоделските стопанства.

За пописот, кој, како што тврди претседателот на Државната изборна комисија Генц Поло, е според евопските стандрарди, ќе бидат потрошени 14 милиони евра, осум од нив доделени од Европската комисија.

Поло, кој во Владата на премиерот Сали Бериша е и министер за иновации, синоќа уште еднаш упати апел до граѓаните „гордо и достоинствено да ги примат попишувачите и да одговорат на прашањата во пописните листи, што е многу значајно за вкупниот развој на земјата“.

Претходно претставниците на македонското и другите малцинства истакнаа дека пописот ќе го бојкотираат и оти пописните резултати нема да ги признаат, идентично како и претходниот попис. Причината за тоа е неможноста слободно да ја изразат нивната етничка и верска припадност. Против етнички попис уште од самиот почеток е националистичкото движење „Црвено црни“, кое го оспорува законот за попис зашто смета дека ваков попис е наштета на државата и нацијата.

Во Албанија на овој попис нема да се попишуваат оние кои се надвор од земјата повеќе од една година.

Во Србија од денеска почнува пописот на населението, домаќинствата и становите, кој ќе трае до 15 октомври, а првите прелиминарни резултати ќе бидат објавени на 15 ноември.

И покрај повиците упатени до граѓаните да учествуваат во пописот и да не наоѓаат никакви причини за негово бојкотирање, како што јавуваат српските медиуми, на пописот најверојатно нема да се огласат припадниците на албанската заедница од јужниот дел на Србија и дел од Бошњаците во Санџак.

Овогодишниот попис ќе биде посеопфатен од претходните, бидејќи пред граѓаните ќе се најдат прашања и за инвалидитет, брачниот статус, а предвидени се и прашања кои се однесуваат на компјутерската писменост.

Прашањата ја опфаќаат и миграцијата меѓу двата пописа со цел да се добие увид во тоа колку српски граѓани живеат во странство, колку од нив се вратиле во земјата, која е причината за заминувањето, а која за враќањето, како и колку од нив дошле од Косово.

Пописот ќе го спроведат 40 илјади попишувачи, кои беа обучувани од пет илјади општински и 300 републички инструктори. Тие ќе работат од осум часот наутро до 20 часот навечер и ќе бидат должни да го попишат секој објект.

Директорот на Републичкиот завод за статистика, Драган Вукмировиќ изјави дека секое домаќинство ќе мора да биде попишанио и попишувачите ќе бидат должни три пати да посетат некој стан, доколку претходно не нашле никого во него.

Вукмировиќ додаде дека не е потребно граѓаните да имаат лична документација, бидејќи ќе бидат попишани сите кои живеат во Србија барем една година или покусо, а не планираат да останат.

Пописот ќе чини 2,7 милијарди динари, што изнесува околу 3,5 долари по жител и претставува најниска сума во регионот. Средствата се обезбедени дел од државниот буџет, а дел од претпристапните фондови на ЕУ.

Од Втората светска војна до 2002 година во Србија се спроведени седум пописи. Пописот оваа година нема да биде спроведен на територијата на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...