Со добар план можна е поделба на Косово

Лондон, 3 октомври 2011 (МИА) - Иако одделни моќни земји во светот силно се противат на промена на косовските граници, сепак доколку Белград предложи добар план, постои можност за поместување на границата и за спојување на северниот дел на Косово кон Србија, смета британскиот експерт за меѓународни односи, Џејмс Кер Линдзи.

- Постојат две реалности на теренот. Првата е дека Косово е независно, а втората дека Србите на северот од Косово се противат на контролата на властите од Приштина, изјави Линдзи во интервју за белградскиот весник „Блиц“.

Според Линдзи, која важи за добар познавач на состојбите во Југоисточна Европа, токму во овие „две реалности“ лежи можноста за изнаоѓање компромис за сегашната криза во Косово.

- Постои можност да се променат границите и северот на Косово да се спои кон Србија. Нема никакви одредби во меѓународното право кои би спречиле некоја држава да преговара за промена на границите и да даде независност на дел од својата територија, потенцира Линдзи.

Ако Белград мора да ја прифати независноста на Косово, тогаш Приштина ќе мора да прифати дека северот е дел од Србија, смета Линдзи, додавајќи дека последиците од одбивањето на компромисот ќе ги сносат Србија и Косово, а не САД или Русија.

Според него, тврди и непопустливи ставови можат да заземаат држави кои не трпат дирекни последици од своите одлуки, што не е случај со Србија и Косово, кои се најмногу погодени од проблемот.

- Ако Белград предложи прецизен и добар план, верувам дека тоа би ги навело (меѓународните фактори) одново да се пресметаат колку ќе ги чини одржувањето на власта на Приштина над северот со финансирање на мировните сили кои би морале да бидат стационирани таму, вели Линдзи.

Според него, постигнувањето на договор со Белград би и решило многу проблеми на Приштина, вклучително и признавањето на Косово во меѓународните институции.

- Косово на тој начин би ги надминало правните проблеми, а косовските Албанци би можеле да учествуваат на Олимписките игри. Тоа се работи кои имаат големо значење во секојдневниот живот, бидејќи станува збор за вистински обележја на независноста, кои Косово сега ги нема, нагласува Линдзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...