Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол

Белград, 5 октомври 2011 (МИА) - Поранешниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Ерхард Бусек смета дека кога ќе се смири актуелната криза во северниот дел на Косово, сите страни - Приштина, Белград и меѓународната заедница, би требало да ги разгледаат можните решенија за излез од косовскиот јазол, а едно од нив би можело да биде поделба на Косово. 

Иако во ЕУ моментално нема заговорници на оваа идеја, бидејќи повеќето членки испраќаат порака дека е завршено со измената на границите на Балканот, Бусек верува дека, како времето минувало а кризата траела, тоа може да се смени, па и да стане преовладувачки став во Унијата.

- Од затегнување на ситуацијата и дополнително компликување на теренот никој нема корист. Очевидно е дека актуелната тактика не носи резултати. Се согласувам дека дијалогот е единствен пат, а во негови рамки треба и да се третираат теми кои моментално изгледаат невозможни, како што е поделбата на Косово, истакна Бусек за денешното издание на весникот „Новости“.

Овој австриски политичар е убеден дека исцртувањето нови граници на Косово нема да создаде дополнителни проблеми во регионот, напротив, доколку сите сложат околу тоа само дополнително и трајно ќе го стабилизира Балканот.

- Не гледам зошто меѓународната заедница не би се согласила со поделба, ако за тоа постигнат договор Белград и Приштина. Сите детали за ваков излез од косовската пат позиција би можеле да се усогласат на некој вид „косовски Дејтон“, каде меѓународната заедница би била гарант на договорот, објасни Бусек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...