Грција бара почитување на правата на националните малцинства

Атина, 7 октомври 2011 (МИА) - Грчките власти ја повикаа Тирана да ги почитува правата на припадниците на националните малцинства за време на пописот во Албанија, чие спроведување е во тек.

Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас изјави дека одлуката на припадниците на националните малцинства во Албанија за бојкот на пописот укажува на „сериозен недостиг на доверба на малцинствата кон албанската држава“.

- Ваквиот дефицит на доверба мора итно да биде надминат од Владата во Тирана, изјави Делавекурас.

Тој истакна дека почитувањето на правата на малцинствата е де факто критериум за членство на една држава во ЕУ.

- Грција се залага за изградба на добрососедски односи со Албанија и смета дека е неопходно целосно почитување и заштита на грчкото малцинство кое претставува мост на пријателство меѓу двете земји, рече Делавекурас.

Претставниците на националните малцинства на Албанија побараа укинување на членот од Законот за пописот со кој е предвидена казна од 700 евра за оние кои при попишувањето ќе се изјаснат за национална припадност која е различна од онаа на која веќе се запишани во државните регистри. Припадниците на малцинствата тврдат дека голем дел од етничките заедници во Албанија не се официјално признати и затоа при раѓањето во регистарот биле запишани како Албанци.

Малцинствата имаат забелешки и на тоа што нивни претставници не се ангажирани како инструктори или попишувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...