Рокот продолжен до утре

За отстранување на барикадите на двата гранични пункта

Приштина, 17 октомври 2011 (МИА) - Командантот на силите на НАТО во Косово, генерал Ерхард Древс, синоќа го продолжи до вторник рокот, даден на Србите во Северно Косово да ги отстранат барикадите, кои го блокираа пристапот до граничните пунктови Јариње и Брњак на границата со Србија.

Претходно вчера беше соопштено дека војници од КФОР ќе ги отстранат барикадите денеска, доколку Србите во Северно Косово одбијат да ги отстранат доброволно.

Генерал Древс го одложи до вторник испраќањето доставки храна за силите на КФОР, распоредени по граничните пунктови, за да им даде уште време на граѓаните на Северно Косово да ги отстранат барикадите, се вели во коминикето на КФОР.

Во саботата генералот побара безусловен и постојан пристап до границата и предупреди дека во понеделник силите на НАТО ќе ги отстранат барикадите на мирен начин, доколку Србите не го сторат тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...