Анкара, 25 октомври 2011 (МИА) - Владата на Турција денеска ја повика меѓународната заедница да помогне во ликвидирањето на последиците од земјотресот во округот Ван.
Писмена молба од име на Владата е испратена до 30 држави, кои веќе понудиле помош.
Меѓу тие држави е и Израел, кој претходно соопшти дека Турција ја одбила понудената помош.