Билансот на загинатите во Турција достигна 481 лице

Анкара, 27 октомври 2011 (МИА) - Билансот на загинатите во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала во неделата во источна Турција достигна 481 лице.

Околу 1.650 лица се ранети, а околу 2.300 згради се разурнати. Спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по евентуалните преживеани лица, а турскиот претседател Абдула Ѓул најави дека планира утре да го посети регионот.

Преживеаните почнале да ги ограбуваат камионите со хуманитарна помош, а премиерот Реџеп Таип Ердоган го призна неуспехот на спасувачките акции.

Црвениот крст и Црвената полумесечина предупредуваат дека стотина, а можеби и илјадници лица, се уше се затрупани под урнатините во источниот турски регион. Извештајот на Црвената полумесечина нагласува дека 17 камиони со хуманитарна помош се ограбени меѓу градовите Ван и Ерџис.

Додека температурите во текот на ноќта паднаа под нулата, а метеоролозите најавуваат снег, властите ги интензивираат напорите да им обезбедат засолништа на илјадници лица, кои би можеле уште една ноќ на минат на отворено.

Турските власти сепак ја прифатија странската помош, која најпрво ја одбиваа, а Ердоган изјави дека екипите успеваат да ја стават ситуацијата под контрола.

- Ја прифативме помошта, бидејќи имаше одредени неуспеси во текот на првите 24 часа, рече Ердоган во обраќање пред турската телевизија, говорејќи на прво место за снабдувањето на населението со шатори.

Тој додаде дека во загрозените подрачја испратил повеќе министри со цел да го надгледуваат процесот на спасување.

- Речиси една четвртина од кабинетот е таму...изминатите денови ја ставивме ситуацијата под контрола, додаде турскиот премиер.

Еден украински авион слета синоќа на аеродромот Ерзурум во близина на покраината Ван и донесе четири шатори за по 20 лица со систем за греење, а се очекуваат авиони со хуманитарна помош и од Италија и Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...