Четири лица се повредени во земјотресот во Турција

Анкара, 9 ноември 2011 (МИА) - Четири лица се повредени во земјотресот, кој рано изутринава ја погоди источна Турција.

Земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во источниот округ Ван, кој на 23 октомври беше погоден од разурнувачки земјотрес со интензитет од 7,2 степени.

Епицентарот на денешниот земјотрес бил во езерото Ван, кое е најголемото во Турција и се простира на територијата на два окрузи, Ван и Битлис.

Земјотресот е почувствуван и во двата округа. Нема информации за материјална штета, а настраданите лица се здобиле се повреди додека се обидувале да ги напуштат своите домови.

Во градот Ерџиш, кој беше најпогоден од земјотресот на 23 октомври, момче скокнало од балконот и паднало на бетонска плоча. Момчето е хоспитализирано со потрес на мозокот и скршеници. Уште три лица се повредени во обидот да избегаат од своите домови.

Земјотресот е регистриран синоќа, а до изутринава голем број лица останаа на улиците, поради стравување од можни вторични потреси.

Во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала на 23 октомври загинаа 604 лица, а неколку илјади беа ранети и останаа без покрив над главата. Во регионот во моментов се уште има шатори за лицата кои останаа без домови, а работат и полски болници. Работите за обновување се попречени од над 2.500-те вторични потреси со интензитет од два до шест степени од 23 октомври досега.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...