Најмалку 12 загинати во последниот земјотрес во Турција

Анкара, 11 ноември 2011 (МИА) - Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеаните во земјотресот на истокот на Турција, во кој загинаа најмалку 12 лица, само три недели по разурнувачкиот потрес што во оваа земја однесе околу 600 животи.

Официјални претставници вчера ја зголемија бројката на жртвите во најновиот потрес на 12 лица, а меѓу загинатите е и јапонскиот доктор Ацуши Мијазаки, кој им помагал на преживеаните во минатомесечниот земјотрес. Од тогаш во овој регион се регистрирани уште повеќе стотици послаби потреси.

Околу 800 спасувачи се испратени во загрозеното подрачје, по потресот од 5,6 степени според Рихтер, кој во средата вечерта за погоди областа на градот Ван.

Спасувачките екипи до сега од под урнатините извлекоа 28 преживеани, но со оглед на фактот дека не се знае уште колку луѓе се под урнатините, бројот на жртви може да биде многу поголем, пренесуваат агенциите.

Илјадниците лица кои останаа без домови и натаму престојуваат во шатори, на многу ниски температури, кои во меѓувреме настапија во овој регион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...