Сите земји од регионот да бидат членки на НАТО и на ЕУ

Атина, 5 ноември 2012 (МИА) - Барањето европско решение за проблемите е предуслов за европскиот пат на Скопје, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за грчкиот весник „Етнос“.

Како што пренесува БТА, тој повторува дека Бугарија прва ја признала државата Македонија.

- Од страна на Бугарија тие секогаш го добивале најдоброто разбирање... Десетици илјади граѓани на земјата побараа бугарско државјанство и пасоши, наведува Борисов.

Борисов за „Етнос“ потенцира дека Софија вложува големи напори да не коментира се што прави Владата во Скопје.

- Владата во Скопје треба да ги реши проблемите на еден европски начин, за да може да добие наша поддршка, истакнува Борисов.

Бугарскиот премиер позитивно одговори на прашањето дали тоа е услов за поддршка на Македонија од страна на Бугарија.

- Да. Природно. Истото важи и за Турција. Ако една држава ги исполнува критериумите за членство е добредојдено. Истото важно за Србија, за Босна и Херцеговина. Најдобро е сите земји од регионот е да се членки на НАТО и на ЕУ, нагласува Борисов.

Во коментаторот на „Етонс“ изјавата на Борисов се оценува како посебно важна за Грција и оти „земјата првпат нема да биде сама, а ќе има уште една земја сосед на Македонија, која стравува од националистичките претензии од скопската Влада“, јави БТА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...