Моделот на двете Германија е интересен

Приштина, 6 ноември 2012 (МИА) - Противењата на косовската Влада околу моделот на двете Германии, за односите Косово-Србија, поради недоразбирањата кои ќе се создадат, се окончани, јави дописникот на МИА од Тирана.

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, во интервју за весникот „Коха диторе“ дал сигнали на согласување за овој модел. Понатаму, тој констатирал дека отворањето канцеларии во Косово и во Белград и онаа на Србија во Приштина било во функција на овој модел.

За германско-германскиот модел во односите Косово-Србија, одговорил дека начинот како денес се имплементира овој модел е следниот: создавање нормални односи меѓу двете земји, ставајќи го во заграда она што е нерешливо.

- Доколку Србија не може да ја признае независноста, треба тоа да го стави во заграда и да најде модел да му се приближи на Косово, според реалноста на терен. Предноста на Косово, според овој модел, стои не само во регулирањето на нормална релација, туку и во тоа што го понудил моделот за двете Германии. Двете беа членки на ООН.

Еден ваков модел е интересен за да се размислува. Предлогот да се отврат канцеларии за врски е во голема функција на овој модел. И концептот за добрососедство е во неговиот концепт, изјавил Хоџај.

За министерот Хоџај, политичкиот дијалог почнал со средбата на премиерите на двете земји во Брисел, неодамна. Тој најавил дека на следната средба заедно со премиерот ќе бидат и претставници на опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...