Отворени и искрени разговори со Дачиќ и Тачи

Брисел, 8 ноември 2012 (МИА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави по средбата со премиерот на Србија Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи во Брисел дека разговорите биле „отворени и искрени“ и оти е договорено наскоро да бидат продолжени.

- Нашите отворени и искрени разговори се развиваа околу различни аспекти на нормализација на односите меѓу двете страни и двајцата премиери се обврзаа дека разговорите ќе продолжат, се наведува во соопштението на кабинетот на Ештон.

- Се договоривме да ја продолжиме работата на целосната имплементација на сите спогодби и ги поздравивме резултатите од заедничката работна група за интегрираното управување на премините, што се случи на 5 и 6 ноември, се вели во соопштението.

Ештон истакна дека на средбата станало збор и за „транспарентните средства, кои Србија ги обезбедува за Србите на Косово“ и за начините на кои може да се интензивира заштитата на српското културно и верско наследство на Косово.

Двете страни, како што се наведува во соопштението, се договориле околу заедничката техничка работна група, која ќе подготви физибилити студија за автопатот Ниш-Приштина.

Разговорите, како што се вели во соопштението, се продолжение на разговорите почнати во Брисел на 19 октомври и заедничката посета на високата претставничка на ЕУ и на американската државна секретарка Хилари Клинтон на Белград и Приштина минатата недела.

- Се договоривме наскоро повторно да се сретнеме, истакна Ештон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...