Собранието на Србија ја усвои резолуцијата за Косово

Собранието на Србија синоќа, по речиси целодневна расправа, со 175 гласа ја усвои Резолуцијата за Косово, што се однесува на продолжување на дијалогот со Приштина, јави Танјуг.


Премиерот на Србија Ивица Дачиќ претходно соопшти дека Владата синоќа ја укина ознаката за тајност од Платформата за Косово, што беше условот на опозициската Демократска партија (ДС) за поддршка на предлогот.

Во текстот на платформата се наведуваат пет елементи на кои резолуцијата ќе се темели.

Појдовна точка за преговорите со Приштина на високо политичко ниво е Србија во согласност со меѓународното право, Уставот и волјата на граѓаните, да не ја признава и никогаш да не ја признае еднострано прогласената независност на Косово.

Сите права и надлежности, што како резилтат на преговорите ќе бидат признати во привремените институции во Приштина со закон ќе им бидат пренесени на органите на Косово, во согласност со Уставот, законите и другите прописи на Република Србија, се наведува во текстот од резолуцијата.

Расправата траеше повеќе од 14 часа, а Резолуцијата ја поддржаа пратенциите на владеачката коалиција, демократите, Партијата на војвоѓанските Унгарци и пратеничкиот клуб на СПО-ДХСС. Против гласаа пратениците на Демократската партија на Србија (ДСС).

Првобитниот текст на резолуцијката беше изменет со три амандмани што ги предложи одборот за Косово, а кои беа усогласени на заедничкиот состанок на претседателот и премиерот со шефовите на пратеничките групи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...