Почина уште една, 14-та жртва на масовното убиство

Белград, 9 април 2013 (МИА) - Почина уште една, 14-та жртва на масовното убиство, кое рано изутринава го извршил Љубиша Богдановиќ во селото Велика Иванча, оддалечено околу 15 километри од белградската општина Младеновац, изјавија претставници на белградската болница, јави Анадолија.

Според последните сознанија станува збор за сопругата на убиецот, Јаворка, која беше тешко ранета во масакрот.

Директорот на српската полиција, Милорад Вељовиќ претходно изјави дека 12 лица се убиени на самото место на инцидентот, а едно им подлегнало на повредите по приемот во Ургентиот центар во Белград. Лекарите се бореа за животот на Богдановиќ и неговата сопруга Јаворка, која исто така им подлегна на повредите.

Трагедија се случила кога Богдановиќ (60) со пиштол на лице место во неколку куќи убил пет мажи, шест жени и едно двегодишно момче, а потоа се обидел да се убие.

- Сите сме изненадени. Според првичните информации, кои ги имаме станува збор за нормално семејство и за лице без полициско досие. Имал дозвола за чување на пиштол „цз 88“ од 1981 година и знаеме дека учествувал во воените операции во Славонија во 1991 година. Сите други околности ги проверуваме, изјави Вељовиќ, кој заедно со други полициски службеници брзо пристигна на местото на трагедијата.

Вељовиќ истакна дека полицијата за масакрот ја информирала ранетата сопруга и оти сите жртви се поблиски и подалечни роднини на Богдановиќ.

На повикот реагирале две лекарки екипи, изјави дежурниот лекар од Брзата помош при Здравствениот дом во Младеновац др. Васиљ Жмико, наведувајќи дека повикот е направен рано изутирната околу 5:40 часот.

Сите жртви се убиени на ист начин, со пукање во лице или други делови на главата, најчесто на спиење, рече Вељовиќ, додавајќи дека други сведоци, освен жртвите немало.

Според некои српски телевизии Богдановиќ влегувал изутрината околу четири часот во дворовите на куќите на неговите соседи и пукал.

Според еден од соседите, Љубиша најпрво го убил синот Бранко (41) и пукал кон сопругата Јаворка, а потоа излегол од куќата и се упатил во смртоносниот поход, во кој направил масакр во четири соседни куќи во населбата, која се нарекува Превала.  Заобиколил само две куќи во тоа место.



- Во куќата на семејството Стекиќ ги убил свекрвата и снаата, Даница и Драгана, а потоа во куќото на семејството Деспотовиќ ги убил Микаил и Милена, нивниот внук Горан, неговата 19-годишна сопруга и нивниот двегодишен син. Во следната куќа на семејството Мијаловиќ го убил брачниот пар Вељо и Олга, а потоа во куќата на семејството Јешиќ, ги убил мајката и синот, Љубина и Милош.

Полициската истрага е во тек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...