Јованка Броз ќе биде погребана покрај Тито

Белград, 21 октомври 2013 (МИА) - Владата на Србија го прифати денеска барањето на семејството на Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, таа да биде погребана во „Куќата на цвеќето“, каде почиваат и посмртните останки на нејзиниот сопруг.

Владата основаше Организационен одбор за погребот на Јованка Броз, а за негов претседател е именуван заменик-премиерот Расим Љајиќ.

Тој изјави дека е одлучено Јованка Броз да биде погребана во „Куќата на цвеќето“ и додаде дека на првата седница на Одборот денеска во 15 часот ќе бидат договорени деталите околу погребот.

Љајиќ изјави дека потпретседател на Одборот е генералниот секретар на Владата, Вељко Одаловиќ, а меѓу петмината членови се и министерот за сообраќај Александар Антиќ, претставници на Министерството за надворешни работи и претставници на Градот Белград.

- Во одборот ќе има и претставници на семејството, додаде Љајиќ.

Јованка Броз почина вчера во Белград на 89 години, откако на 23 август во тешка здравствена состојба беше примена во Ургентниот центар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...