Студентски протести против уништување дрва во Анкара

Анкара, 22 октомври 2013 (МИА) - Турската полиција синоќа се судри со група студенти во Анкара, кои протестираа против плановите на властите за сечење на дрва на територијата на Блискоисточниот технички универзитет, со цел да се изгради улица.

Како што јави БТА, на овие протести слични на оние од паркот Гези во Истанбул на почетокот на летото, полицијата употреби солзавец и гасни и звучни бомби за да ги растера студентите. Во полициската акција учествувале и хеликоптери.

При протести дошло и до тепачка со стапови меѓу дел од студентите и работниците, кои ги сечеле дрвата.

Многу од студентите кои протестираа со себе носеле и насади, кои, и покрај полициското присуство, ги засадиле во универзитетскиот парк, по што се повлекле во кампусот.

Во протестот, освен студенти, учествувале и пратеници на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), како и граѓани.

Неодамна проектот за изградба на улицата стигна и до судот, но пред тој и да се произнесе по него, локалните власти на Анкара ангажираа градежни машини кои веднаш почнаа со сечење на дрвата.

Според иницијаторите на протестот, локалните власти незаконски навлегле на територијата на универзитетот, при што уништиле многу дрва.

Пред неколку дена на овој универзитет исто така имаше протести поради сечењето дрва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...