Сите балкански земји ќе станат членки на ЕУ

кога ќе ги исполнат условите

Берлин, 23 октомври 2013 (МИА) - Претседателот на Европската комисија во интервју за германскиот весник „Билд“ се заложи за прием на сите балкански земји во Европската унија.

- На подолг рок (во ЕУ) ќе ги примиме сите балкански земји, кога ќе ги исполнат условите и критериумите на Унијата, нагласува Барозо.

- Некои од овие земји до неодамна војуваа меѓусебе, но сега пристапувањето кон ЕУ им дава перспектива и претставува важно средство за воспоставување на мирот во регионот, истакнува првиот човек на Еврокомисијата.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Барозо потенцира дека покрај за државите од Западен Балкан, вратите на ЕУ остануваат отворени и за влез на Турција, додавајќи дека таа преставува „важна земја од економска и геостратешка гледна точка“.

Тој во интервјуто ги отфрла обвинувањата за бирокатизираност на ЕУ, нагласувајќи дека Еврокомисијата не е „коренот на злото“, бидејќи многу од регулативите на Унијата ги носат самите земји-членки, а не Брисел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...