Не постои земја која се вика Кипар

Атина, 12 ноември 2013 (МИА) - Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган даде провокативна изјава на средба во Полска, истакнувајќи дека „не постои никаква земја која се вика Кипар“, пишува грчкиот весник „Етнос“.

Тој, исто така, додаде дека одлуката на ЕУ да ја прими „кипарско грчката администрација“ во своето семејство не било согласно европските закони, туку политички избор.

Зборувајќи на средба во Полска, Ердоган поконкретно изјави дека не постои држава која се вика Кипар, објаснувајќи дека тоа што постои е локална администрација на јужен Кипар.

- Северен Кипар има и една зелена линија меѓу северен и јужен Кипар, на која се наоѓаат безбедносни сили на ОН, за кои ЕУ знаеше кога ја донесе одлуката за членството на оваа островска земја, нагласи турскиот премиер.

Весникот „Етнос“ пишува дека изјавите на Ердоган предизвикале остри реакции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...