„Њујорк тајмс“ пишува дека

Грција можеби оди кон граѓанска војна

Атина, 13 ноември 2013 (МИА) – Весникот „Њујорк тајмс“ коментира дека „понатамошниот пораст на Сириза и Златна зора може да ја одведе земјата во граѓанска војна“, јавува дописникот на МИА од Атина.

Статијатата, потпишана од Никос Констандарас, колумнист во грчкиот весник „Катимерини“, почнува со коментар за двојното убиство во Нео Ираклио.

„Тешко е да се замислат многу други земји, особено зрели западни демократии, каде убиство на двајца членови на релативно мала политичка партија може да предизвика сериозни стравувања за политичка нестабилност и национална поделба“, пишува весникот.

Во написот се истакнува дека убиството на Павлос Фисас го означи крајот на имунитетот на партијата, бидејќи „се чинеше дека ниту Владата, ниту полицијата , ниту пак судството сакаа да бидат против нив“. Убиството на двајцата членови на Златна зора се смета за чин на одмазда , а полицијата верува дека го извршиле екстремно левичарски терористи, наследници на „ 17 Ноември“.

Според „Њујорк тајмс“, за Нова демократија и ПАСОК ќе гласаат многу помалку избирачи на изборите за Европскиот парламент и на тој начин ќе се отвори пат за предвремени избори. „Кризата , како и мерките насочени за борба против неа, резултираа со висока стапка на невработеност (28%), стрмен пад на бруто домашниот производ (28 % од 2008 година ), повисоки даноци, ниски примања, помали бенефиции, широко распространета несигурност, и губење на верата во политичкиот систем - демократските институции , па дури и во Европската Унија“, тврди грчки колумнист. Тој додава дека опозициските партии имаат стекнато многу следбеници со ветувањата дека ќе се врати сето она што беше изгубено во периодот на штедење и реформи.

Ако анкетите се точни, Сириза и Златна зора ќе бидат уште посилни, подвлекува „Њујорк тајмс“.
Текстот завршува со стравувања од нова граѓанска војна во Грција.

„Во ситуација кога силите на политичката левица и десница добиваат на сила и можеби одат кон конфликт, со центар кој се бори да преживее, може да се види она што се чинеше невозможно до неодамна: нова рунда граѓанска војна по децении мир и напредок. Иако впуштањето во политичко насилство не е неминовно, сцената е поставена на начин кој премногу зависи од она што ќе изберат да го направат будали со оружје“, заклучува „Њујорк тајмс“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...