Градоначалник на Митровица ќе биде Србин

Берлин, 14 ноември 2013 (МИА) – Во општината Северна Митровица не е можно да биде избран албански градоначалник бидејќи и во случај Агим Дева да биде избран, не мислам дека би бил во можност да управува со општината, изјави министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај.

– Градоначалникот и општината мора да одразуваат состав на секоја општина, етнички и демографски и милам дека тоа и ќе се случи, изјави тој.

Хоџај додаде дека бил изненаден од погрешниот начин на толкување на кандидатурата на Дева од страна на Дачиќ и првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ. Косовскиот министер вели дека во Приштина им се благодарни на ЕУ, но и на српското раководство за се она што е постигнато во Косово во изминатите девет месеци, но смета дека Дачиќ, Вучиќ и Николиќ мора да бидат искрени пред своите граѓани.

– Би требало да им ја кажат вистината, а тоа е дека Србија се движи во процес на прифаќање на суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет и постоење како независна држава, нагласи Хоџај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...