Референдумското прашање за двојазичност не е согласно Уставот

Загреб, 7 декември 2013 (МИА) - Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ денеска оцени дека референдумското прашање поврзано за двојазичноста, кое го предлага Штабот за одбрана на хрватски Вуковар, не е согласно Уставот, истакнувајќи дека Хрватска не би смеела да оди на солуции кои ги намалуваат правата на националните малцинства.

По повод најавите на Штабот дека собрале 650.000 потписи за референдум, со кој бараат двојазичноста да се дозволи во местата каде живеат 50 отсто припадници на национални малцинства, Јосиповиќ истакна дека прво треба да се види што е собрано, бидејќи постои процедура да се утврди бројот на собраните потписи.

Запрашан дали смета дека за ова прашање треба да се изјасни Уставниот суд, што е барање на хрватските лабуристи, Јосиповиќ одговори дека постои процедура која мора да се почитува.

Штабот за одбрана на хрватски Вуковар, организација која се бори против кирилицата, соопшти дека од 17 ноември до 1 декември, собрала 650.000 потписи за распишување државен референдум.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...