Србија во 2020 година да стане членка на ЕУ

Венизелос и Дачиќ:

Белград, 18 февруари 2014 (МИА) - Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и српскиот премиер во оставка Ивица Дачиќ изразија денеска надеж дека Србија за кратко време ќе ги исполни условите и во 2020 година ќе стане членка на ЕУ.

Венизелос вети дека неговата земја за време на претседавањето со ЕУ ќе направи се Србија да отвори што е можно повеќе поглавја.

- Ние ќе направиме се, иако во тек е предизборна кампања, Србија да не заостанува во евроинтеграцискиот процес и во реформите кои треба да ги спроведе, како и дијалогот со Приштина, истакна Дачиќ на заедничката прес-конференција со шефот на грчката дипломатија.

Тој додаде дека Србија сака до 2018 година да ги исполни сите технички предуслови и критериуми, а во 2020 година да може да стане членка на ЕУ.

Венизелос нагласи дека Атина, и по завршувањето на мандатот како претседавач со ЕУ, ќе направи се што е потребно за да се задржи ритамот на преговорите со Србија на високо ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...