Заедничка воена вежба на САД и Романија

Букурешт, 10 април 2014 (МИА) - Заедничка седумдневна воена вежба на американски и романски војници почна денеска во северозападниот дел на Романија.

Во маневрите учествуваат околу 450 војници и технички персонал од војските на двете земји, како и американски и романски борбени авиони.

Четири американски ловци Ф-16 и еден романски Миг-21 полетаа од една воена база на 300 километри северозападно од Букурешт, каде се одржува вежбата.

- Целта на вежбата е техничка и практична обука, како таа низ која минуваат НАТО силите. Конечна цел е зголемување на нивото на обука на младите пилоти, изјави командантот на романскиот 711. борбен ескадрон Адријан Моторг.

Четвртата заедничка вежба на двете земји е планирана пред избувнувањето на кризата во Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...