Укинат дел од законот за владина контрола врз судскиот систем

Анкара, 11 април 2014 (МИА) - Уставниот суд на Турција денеска укина дел од Законот со кој се зголемува владината контрола врз судскиот систем, јавија турските медиуми.

Судот ги укина членовите од Законот, што на министерот за правда му дава големи надлежности врз Високиот совет на судии и обвинители, информираат телевизиите НТВ и Си-Ен-Ен-Турк.

Со одлуката на Уставниот суд се блокира реформата, која се оценува како дел од напорите на премиерот Реџеп Тајип Ердоган за задушување на корупцискиот скандал во земјата, што избувна во декември.

Турскиот Парламент во февруари го одобри Законот што предвидува измени во функционирањето на Високиот совет на судии и обвинители, со кои на министерот за правда му се дава последниот збор во процесот на назначување судии и обвинители.

Борбата за контролата врз Високиот совет на судии и обвинители е во основата на непријателството меѓу премиерот Ердоган и протераниот влијателен исламски проповедник Фетула Ѓулен, кој има големо влијание врз правосудниот систем и полицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...