Вилијамсон има обемно досие за злосторствата на ОВК

Приштина, 14 април 2014 (МИА) - Главниот истражувач на тврдењата од извештајот на Дик Марти, американскиот обвинител Клинт Вилијамсон има обемно досие за злосторствата на припадниците на поранешната ОВК и се очекува да им ги предаде на судиите на специјалниот Трибунал, кој ќе ги разгледа наодите на швајцарскиот сенатор, пишува приштинскиот весник „Експрес“. 

Извори на весникот наведуваат дека во досието на американскиот обвинител се наоѓаат имињата на 120 раководители на ОВК, за кои се очекува да бидат обвинети за исчезнувањето на 320 Срби во регионите на Ораховац, Дреница и Метохија. 

Се очекува и сите осомничени, според истите извори, да бидат уапсени кога ќе бидат исполнети законските услови за основање на Трибуналот. 

„Експрес“ наведува дека повеќето имиња од досието се познатите воени лидери на ОВК од регионите на Дреница и Метохија, но дека тука се и имињата на луѓе, кои воглавно дејствувале во северниот дел на Албанија, на границата со Косово. 

Тимот на Вилијамсон речиси четири години ги истражува тврдењата од извештајот на Марти, во кој се опишани злосторствата на припадниците на поранешна ОВК врз Србите, Ромите и „нелојалните“ Албанци по повлекувањето на српската војска и полиција од Косово во 1999 година. 

Најголемо внимание во извештајот предизвикаа наводите за вадење на органи на киднапираните цивили во т.н. „жолта куќа“ во централна Албанија, по што тие органи се продавани на илегален пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...