На Балканот е експлозивно, Европа мора да реагира

Стразбур, 16 април 2014 (МИА) - Жозеп Дол, претседателот на најголемата политичка група во Европскиот парламент – Народните партии, во денешното интервју за стразбуршкиот дневен весник „ДНА“ ги предупредува идните европратеници дека треба да ја преземат одговорноста за Балканот, поучени од она што се случува во Украина, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

- Тие (идните европратеници) набрзо треба да станат свесни со она што се случува во Украина. И исто така на Балканот! На Балканот е експлозивно! - вели Жозеп Дол.

- Ако не се воспостави правната држава таму, ќе продолжи големиот бандитизам, олигархијата и корупцијата. Тоа е невозможно да се контролира. Ако тоа продолжи, таму ќе ни се случи револуција и се надевам дека нема да има војна, со жалење констатира францускиот европратеник.

- Ова ни го кажа многу јасно на крајот од март американскиот претседател Обама кога дојде во Брисел: - Балканот е проблем на Европа, а не на САД“,  додава тој.

Жозеп Дол се откажува од мандатот на европратеник, но тој останува во политиката како претседател на Европските народни партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...