Бројот на сириски бегалци во Турција е над 900.000

Анкара, 16 април 2014 (МИА) - Бројот на сириски бегалци во Турција е над 900.000, соопшти турската Дирекција за управа при катастрофи и вонредни состојби.

Началникот на дирекцијата Фуат Октај истакна дека бројот на бегалци од Сирија, сместени во бегалски кампови, е 224.000. Тој изјави дека во бегалските кампови нема проблеми, но напорите на дирекцијата во моментот се насочени кон потребите на бегалците надвор од камповите.

Октај рече дека повеќето сириски бегалци живеат во турските окрузи што се граничат со Сирија.

Меѓународната помош, која досега ни беше одделена за сириските бегалци, изнесува 200 милиони долари, а Дирекцијата за управа при катастрофи и вонредни состојби потрошила 2,5 милијарди долари, рече Октај.

Тој ја повика меѓународната заедница за поголема соработка во однос на проблемите со сириските бегалци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...