Романски сенатор поднесе тужба против претседателот Басеску

Букурешт, 16 април 2014 (МИА) - Сенаторот на романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД), Габриела Фирја, поднесе тужба против претседателот на Романија, Трајан Басеску поради закана и изнуда, јавиија романските медиуми.

Фирја беше член на парламентарната анкетна комисија што го испитуваше спорното купување имот од страна на ќерката на Басеску, Јоана.

Романскиот премиер Виктор Понта информира дека се потпишал под тужбата, а дека истото го направиле и други пратеници.

Тужбата на  Фирја се однеснува на изјавата на претседателот Басеску за романската телевизија дека е подобро таа „да го гледа својот сопруг, кој е градоначалник, затоа што може некој ден да не го најде дома, доколку не биде внимателен“.

- Сфаќам дека во неговото опкружување се случуваат доста лоши нешта, додаде Басеску.

Според Фирја, изјавата на претседателот Басеску е „очигледен акт на заплашување на еден сенатор“.

Келемен Хунор, претседателот на Демократската унија на Унгарците во Романија (УДМР), која заедно со СДП е дел од владејачката коалиција, изјавата на Басеску ја оцени за неприфатлива.

- Изјавите на претседателот Басеску се неприфатливи, но од тука до кривична пријава патот е долг и пратеничката група (на УДМР) се уште не донела одлука во врска со неа, но секој е слободен доколку сака да се потпише под тужбата, рече Хунор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...