Балканот под снег

Сараево, 17 април 2014 (МИА) - Од утрово густ, влажен и тежок снег паѓа во поголем дел на БиХ, снег има и на повисоките делови на Хрватска, како што е прогнозирано, ќе паѓа и на северот на Црна Гора, во планинските предели.

Во БиХ под снег осамнаа многу градови - Сараево, Добој, Модрич, Босански Брод, Оџак, Орашје, Брчко, Градач, Грачаница, Тузла и Сребреник.

„Дневни аваз“ објави дека стеблата се виткаат под тежок, влажен снег, па постои опасност од кршење на гранките, а сообраќајот во БиХ се одвива отежнато.

И во Хрватска снегот продолжи да паѓа, како и во претходните денови, во Лика и на Биоково, на делот на приморјето има бура па сообраќајот на одделни патни правци е затворен за одредени видови возила, а во поморскиот сообраќај во прекин се повеќе траектни линии.

На Биоково е забележана снежна бура, а во подножјето, во Макарска, т.н. „мрачна бура“ која дува со брзина од педесетина, со удари и до 70 километри на час.

Во Црна Гора, каде снег падна на северот на земјата уште пред два дена, и денеска во тие предели прогнозираат снег, соопштено е од тамошниот Завод за хидрометеорологија и сеизмологија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...